HomeАктуелноЈП „Охридски комуналец“: Депонијата „Мауцкер“ нема да работи до среда

ЈП „Охридски комуналец“: Депонијата „Мауцкер“ нема да работи до среда

Депонијата „Мауцкер“ нема да работи до среда, 31- јули, информираат од ЈП „Охридски комуналец“.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Ќе се врши санација на состојбата на депонија после подметанатиот пожар.

Нашите служби ги превземаат сите неопходни активности за гаснење на пожарот и нормализирање на состојбата. Опожарениот дел се покрива со повеќе слоеви земја кои во континуиран период од настанување на жариштето, се транспортираат и нанесуваат во депонијата, стои во известувањето.

Во последниот извештај на Центарот за управување со кризи (ЦУК) за состојбата со пожарите во Република Македонија стои дека е изгаснат пожарот на отворено во Општина Охрид, кај депонијата „Мауцкер“. На оваа локација неколку дена гореше ѓубриште. Од ТППЕ Охрид денониве интервенираа со соодветен број возила и пожарникари.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.