HomeАктуелноЏафери им го честиташе празникот Сите светци на католичките верници

Џафери им го честиташе празникот Сите светци на католичките верници

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери на припадниците на католичката вероисповед во државава им го честиташе  празникот  Сите светци.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Посакувам денот да го поминете во душевен мир, семеен спокој и во спомен на сите кои го напуштиле овој свет и со себе ги понеле сите спомени, сите убави и заеднички мигови на семејни, пријателски и соседски врски. Ви посакувам секој ден, а особено во овој период исполнет со предизвици за сите нас како и за целиот свет, да ја задржите вербата и надежта за да Ве водат кон подобро утре. Нека ве одликуваат скромноста, добрина и почитта кон другите. Ви пожелувам да имате добро здравје и да го прифатите животот со сите предизвици што ги носи благонаклоно и со благодарност, како најголем дар, пишува во честитката на Џафери. 

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.