HomeАктуелноАврамоска: Со поднесените амандмани е блокирана само точката од дневниот ред која се однесува на продажба на државно земјиште кај Мауцкер

Аврамоска: Со поднесените амандмани е блокирана само точката од дневниот ред која се однесува на продажба на државно земјиште кај Мауцкер

Во врска со изјавата на Претседателот на Совет на Општина Охрид, Сашо Донев, дека со поднесувањето на амандманите од моја страна, како советник на ЛЕВИЦА, се блокирала 15 Седница на Советот на Општина Охрид, ја информирам охридската јавност дека со поднесените амандмани е блокирана само точка 35 од дневниот ред од седницата, која се однесува на продажба на државно земјиште кај Мауцкер за 70 ден. по метар квадратен, вели во реакцијата советниката Виолета Аврамоска.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Апелираме до Претседателот на Советот на Општина Охрид да ја повлече точката 35 од дневниот ред на седницата, по што ќе бидат повлечени и поднесените амандмани. Ваквата изјава на Претседателот на Советот на Општина Охрид, ги потврдува намерите на Локалната власт и на градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков, кој дрско и безобразно, користејќи го Охридскиот маратон, има за цел незабележано од охридската јавност, да помине продажбата на Мауцкер, кој патем кажано е археолошки локалитет, со цел остварување на лични интереси и профити, додава Аврамоска во реакцијата.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.