HomeАктуелноСлаб снег на Стража, нема информации за проблеми во сообраќајот

Слаб снег на Стража, нема информации за проблеми во сообраќајот

И на јутјуб-каналот на Здружението за промоција на македонските ски-центри, „Ски Македонија“, каде што се емитуваат видеа во живо, може да се види дека во дел од скијачките центри вее снег

Слаб снег попладнево провејуваше на планинскиот превој Стража на патот Гостивар-Кичево, но наносите не се задржуваат на коловозот.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

На социјалните мрежи и на порталот „Порта“ се споделуваат видеа од патот кон Стража на кои може да се види дека провејува снег.

И на јутјуб-каналот на Здружението за промоција на македонските ски-центри, „Ски Македонија“, каде што се емитуваат видеа во живо, може да се види дека во дел од скијачките центри вее снег.

Според последните информации од Автомото сојузот на Македонија (АМСМ) и од „Македонија пат“, објавени во 18 часот, сообраќајот на сите државни патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.

Оттаму препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.