HomeАктуелноАктивни два пожари, под контрола еден, еден изгаснат

Активни два пожари, под контрола еден, еден изгаснат

Oд вкупно четири пожари на отворено во текот на денешниот ден, се уште активни се два, под контрола е еден, а изгаснат еден, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК) за состојбата со пожарите заклучно со 12:00 часот.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

ЦУК соопшти дека се активни пожарите во Општина Чашка кај село Богомила, каде гори мешана шума и во Општина Македонски Брод кај село Грешница гори деградирана нискостеблеста шума.

Под контрола е ставен пожарот во Општина Долнени кај село Стровија, позади место викано Гајдарец-Клепало каде гореше нискостеблеста шума.

Изгаснат е пожарот во Општина Липково кај село Слупчане каде гореше ниска вегетација.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.