Судија на претходна постапка го прифатил барањето на ОЈО и му одредил притвор во траење од осум дена на пејачот Ламбе Алабаковски, кој е осомничен дека го подметнал пожарот во Културниот центар „Ванчо Михајлов“ во Битола.
Основното јавно обвинителство Битола го побара притвор затоа што постоела опасност осомничениот да избега од државата поради фактот што тој има двојно државјанство на Р.С. Македонија и на САД каде живеел до неодамна,
