HomeАктуелноЕУ ЈА ЗАБРАНУВА ИСПОРАКАТА НА ПЛАСТИЧЕН ОТПАД ВО МАКЕДОНИЈА: Новите правила стапуваат во сила од денес и ќе важат најмалку до 2029 година

ЕУ ЈА ЗАБРАНУВА ИСПОРАКАТА НА ПЛАСТИЧЕН ОТПАД ВО МАКЕДОНИЈА: Новите правила стапуваат во сила од денес и ќе важат најмалку до 2029 година

Од денес, 21 ноември 2026 година, стапува во сила забраната за извоз на пластичен отпад од Европската Унија кон Македонија и другите земји кои не се членки на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД).

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Новите правила се однесуваат на сите видови пластичен отпад, вклучително и на чистиот и неопасен отпад кој досега можеше да се извезува во други земји со цел рециклирање и преработка.

Тоа значи дека компаниите од ЕУ повеќе нема да можат да испраќаат пластичен отпад во Македонија, ниту кога станува збор за материјал наменет за рециклирање.

ЗАБРАНАТА ЌЕ ВАЖИ НАЈМАЛКУ ДО МАЈ 2029 ГОДИНА

Според новата регулатива на Европската Унија за транспорт на отпад, забраната ќе важи најмалку до 21 мај 2029 година.

По овој датум, земјите кои не се членки на ОЕЦД ќе можат да побараат повторно да примаат пластичен отпад од ЕУ, но ќе мора да докажат дека имаат капацитет за негово безбедно и еколошки прифатливо управување.

ШТО Е ЦЕЛТА НА НОВИТЕ ПРАВИЛА?

Европската комисија објаснува дека целта е Европската Унија да преземе поголема одговорност за отпадот што го создава, наместо да го извезува во земји каде што можеби нема соодветни услови за негово управување и рециклирање.

Според податоците на Европската комисија, ЕУ годишно создава околу 40 милиони тони пластичен отпад, а извезува меѓу еден и 1,5 милиони тони.

Новата забрана е дел од пошироките европски мерки за намалување на загадувањето и развој на рециклирањето.

Правилата се однесуваат на извозот на пластичен отпад од ЕУ кон земјите надвор од ОЕЦД, а не значат забрана за увоз на сите пластични производи или суровини во Македонија.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.