На улицата „15 Корпус“ во Охрид дошло до физичка пресметка меѓу двајца мажи од охридско, по претходна расправија.
Според информациите од СВР Охрид, настанот бил пријавен на 19 ноември во 20:25 часот, а се случил околу 20:20 часот.
Во пресметката учествувале Р.М. (33) од селото Велестово и К.Ѓ. (32) од селото Мешеишта.
Од полицијата информираат дека по целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.
