Охриѓанецот Александар Николоски останува на потпретседателската функција во ВМРО ДПМНЕ, соо пшти вечерва претседателот на ВМРО- ДПМНЕ Христијан Мицкоски по седницата на Централниот комитет.
За мене претставува огромна чест и привилегија да бидам реизбран за Потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ. Во изминатите 4 години тимот во ВМРО-ДПМНЕ предводен од Претседателот Христијан Мицкоски ја реформираше партијата, донесе нови идеи и концепти, беа тешки 4 години на деноноќна битка, но резултатот дојде ВМРО-ДПМНЕ победи на локалните избори. Во следните 4 години ќе победиме на парламентарните избори кои ќе дојдат побрзо од што било кој од политичките опоненти очекува, ќе победиме и на претседателските избори и заедно со најдобрите и највредни луѓе од државата и дијаспората ќе ја реформираме Македонија во економски просперитетна држава во која има функционално владеење на правото. Доаѓаат убави години за Македонија! – напиша на Фејсбук Николоски.
Потпретседателското место во партијата го задржува и Владо Мисајловски.
Нови потпретседатели на ВМРО-ДПМНЕ се градоначалникот на Аеродром Тимчо Муцунски и поранешната дополнителна заменичка-министерка за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.
Ѓоргија Сајковски останува на позицијата генерален секретар.
Новини има и во Извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ, каде и натаму член останува градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков.
Благодарност за довербата на претседателот Христијан Мицкоски и мојот реизбор во Извршниот Комитет на ВМРО ДПМНЕ! Со истата желба, енергија и елан како и при првиот мој избор во 2018 година, се до крајната це. Една битка добивме, пред нас се и парламентарните избори, убедлива победа и конечен пад на хибридниот режим, национален срам и понижувањe. Македонија пред се, за мене и за сите нас во создавањето на нова иднина! – напиша на социјалните медиуми непосредно по реизборот во ИК градоначалникот на Охрид Пецаков.
Нови членови на Извршниот комитет се аналитичарот и долгогодишен граѓански активист Сашо Клековски, поранешната вицегувернерка на Народна банка Маја Кадиевска-Војновиќ, Ристо Симеонов, специјалист по детска хирургија, доктор кој ја изврши првата трансплатација на бубрег кај дете во земјава. Тој е и претседател на Здружението на детски хирурзи на Македонија и член на европско и светско Здружение на детски хирурзи.
Во составот на Извршниот комитет се и доктор Мевмет Џафери од Маврово Ростуше, пратениците Ели Панова од Струмица и Миле Лефков од Кочани, Луке Галески, актуелен советник на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје. Нови членови се и актерот Зоран Љутков од Велес, кој е и претседател на Советот на општина Велес и актуелната портпаролка на ВМРО-ДПМНЕ Марија Митева, Мицкоски соопшти дека членови на Извршниот комитет остануваат да бидат и досегашните пратениците со политичко искуство Антонио Милошоски, Дафина Стојановска, Драган Ковачки, Рашела Мизрахи, докторот Олга Лозановска од Битола. Во Извршиот комитет останува и професорот Трајко Славески кој е и претседател на Советот на град Скопје, Влатко Ѓорчев и Марија Андоновска, која е и координатор на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје.
По функција членови на највисокото извршно тело се и претседателот на УМС Сергеј Попов, претседателката на УЖ Жаклина Пешевска и првиот човек на Унијата на ветерани Мане Јаковлевски и кординаторот на пратеничката група Никола Мицески.
Нов секретар за меѓнародна соработка е Стефан Андоновски, кој е и актуеен советник во Град Скопје.
Потребата од намалување на бројот на пратеници од 120 на 90, заштедување на парите на граѓаните, пофункционален парламент и функционална демократија за една изборна единица, со праг кој заеднички ќе го договориме. Содржината на разговорите за спорот со Бугарија, заштита на државните интереси, како и пред се, како да му помогнеме на народот кој тоне во сиромаштија, ова се актуелните предизвици, посочи Мицкоски.