HomeАктуелноЕвропа под опсада на жештините: Температури до 45 степени, Балканот следен на удар?

Европа под опсада на жештините: Температури до 45 степени, Балканот следен на удар?

Европа се соочува со еден од најсилните топлотни бранови во последните години. Според светските медиуми и метеоролошки служби, повеќе од 100 милиони луѓе се погодени од екстремни температури кои надминуваат 35 степени Целзиусови, додека во некои држави термометрите се приближуваат и до 45 степени.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Најпогодени се Франција, Шпанија, Италија, Германија и Велика Британија, каде се регистрирани рекордни температури за месец јуни. Во делови од Франција температурата надмина 40 степени, а британските власти прогласија вонредни предупредувања поради опасност по здравјето на населението.

Метеоролозите предупредуваат дека т.н. „топлотна купола“ која го зафати западниот дел од континентот постепено се движи кон централна и југоисточна Европа, односно кон Балканот. Светската метеоролошка организација соопшти дека во наредниот период фокусот на екстремната жештина би можел да се префрли токму кон балканските земји.

Иако Македонија засега не е меѓу најпогодените земји, прогнозите најавуваат значителен пораст на температурите во следните денови. Граѓаните се советуваат да избегнуваат престој на отворено во најтоплиот дел од денот, да внесуваат повеќе течности и да внимаваат на постарите лица и хронично болните.

Експертите предупредуваат дека ваквите екстремни топлотни бранови стануваат сѐ почести и поинтензивни, а годинашното лето би можело да биде меѓу најжешките досега забележани во Европа.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.