Русија нема намера да навлезе на Украина, тоа беше одразено во одговорот до Вашингтон за гаранциите за безбедност што беше предаден на 17 февруари, изјави синоќа за Си-би-ес рускиот амбасадор во САД Анатолиј Антонов.
-Нема инвазија и нема такви планови. Тоа беше утврдено во руските документи што ние ги дадовме на нашите американски пријатели во Стејт департментот. Русија јавно изјави за својата спремност да се продолжи со дипломатските напори за регулирање на сите нерешени прашања, изјави дипломатот.
Во изминатите неколку месеци Запад ја обвинува Русија дека се подготовува воено да навлезе во Украина. Растечката веројатност за инвазија се поврзува со зголемувањето на бројот на руската војска до границата со соседната земја.
Москва истакнуваше дека армиските групи се таму поради воени вежби, и дека Русија има право да релоцира војска на својата територија по сопствено убедување