HomeАктуелноАргентина денеска може да испадне од Светското првенство

Аргентина денеска може да испадне од Светското првенство

Еден од претендентите за титула на Светското првенство во Катар, Аргентина потфрли на стартот на големиот собир. Шокот на Аргентинците им го приреди Саудиска Арабија кој славеше по целосен пресврт во второто полувреме.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

„Гаучостите“ во Катар стигнаа како шампиони на Јужна Америка во низа од 36 натпревари без пораз, предводени од легендарниот Лео Меси, но веќе денеска им се заканува испаѓање од Мундијалот.

Аргентина денеска мора да слави против Мексико (20 часот), а потоа во последното коло да го потврди пласманот во следната фаза во мечот со Полска. Меси и соиграчите денеска мораат да стигнат до трите боди бидејќи реми и само еден бод и покрај тоа што ќе ги остави во игра за место во разигрувањето сериозно ќе ги намали нивните шанси.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.