Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска ги посети првороденото бебе во Скопје во 2022 година, кое се роди на само минута по полноќ на Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство и мајката Сузана Стошиќ, на која Михаил и е четврто дете.
Од Град Скопје соопштија дека Арсовска ја посетила и Симона Петровски, која на свет ја донесе Теодора, две минути по полноќ.
На двете родилки и нивните семејства од Град Скопје им посакуваат здравје и среќа во годините кои претстојат, заедно да се радуваат на успесите на своите деца.