Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) Али Ахмети од настан во тетовско Селце се осврна на претстојната средба во Охрид во сабота каде се очекува косовскиот премиер Албин Курти и српскиот претседател Александар Вучиќ да потпишат договор и оценувајќи ја како финална постапка за помирување. Ахмети смета дека меѓународната заедница не сме да го повтори случајот со Босна и Херцеговина.
-Се прават последните чекори кон помирување, ги охрабруваме косовските власти, премиерот, претседателот на Собранието и претседателот, пратениците и опозицијата на 18 март во Охрид да се донесе стабилна и правична одлука за Косово конечно влегува на патот без враќање на интеграциите во светските структури на ОН, НАТО и ЕУ. Ги охрабруваме властите без двоумење да одлучат за иднината на Косово и тие го имаат нашиот грб. Но, апелираме и до меѓународната заедница, до посредниците за овој договор за помирување, да не се случи случајот со Босна, каде Босна е нефункционална држава и лош пример, затоа секое решение што ќе се постигне на 18 март во Охрид, треба да биде во служба на решението, траен мир и во целосна согласност со авторитетот на Косово како легитимен претставник на илјадници и илјадници жртви, изјави Али Ахмети, претседател на ДУИ.
