Сите патишта проодни, Македонија пат со целата механизацијa активно го чисти снегот низ државата
Сите државни и регионални патишта во земјава се проодни, а сообраќајот се одвива по влажни коловози. Екипите на ЈП „Македонија пат“ со целата расположлива механизација и работна сила активно ги чистат патиштата од снег, со посебен ангажман на критичните превои.
Од претпријатието информираат дека се обезбедени доволни количества сол и ризла за одржување на безбедноста и непречено одвивање на сообраќајот.
Возачите се повикуваат на внимателно возење, приспособување на брзината кон условите на патот и задолжително поседување зимска опрема.
