HomeАктуелноНацрт-буџетот на Општина Охрид за 2027 пред советниците на седница на 4 декември

Нацрт-буџетот на Општина Охрид за 2027 пред советниците на седница на 4 декември

Советниците во Советот на Општина Охрид на седница која е закажана за 4 декември во 9 часот во општинската зграда ќе расправаат по 46 точки кои се на дневен ред.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Меѓу нив нацрт програмите за 2027 во областите туризам, локален економски развој, енергетска ефикасност, комунални услуги, култура, спорт, образование, социјална и здравствена заштита, животната средина…

Советниците ќе гласаат и за Нацрт буџетот на Општина Охрид за 2027 година, како и за нацрт развојните програми за период 2027-2029 за детската заштита, основно и средното образование, култура, урбанистички планови, уредување на градежно земјиште.

На Дневен ред се и експропријација на градежно земјиште, урбанистички проекти, како и повеќе предлог-одлуки за утврдување потреба од вклопување на бесправно изградени објекти во урбанистичко-планска документација.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.