HomeЕКОНОМИЈАБектеши: Се замрзнуваат цените на основните прехранбени производи.

Бектеши: Се замрзнуваат цените на основните прехранбени производи.

Министерот за економија, Крешник Бектеши преку социјалната мрежа Фејсбук информираше дека се замрзнуваат цените на основните прехранбени производи.

– Се замрзнуваат цените на основните прехранбени производи!

На предлог на Министерството за економија, Владата на денешната седница донесе одлука за замрзнување на цените кои се применувале на 1 декември 2021 година, во трговијата на големо и трговијата на мало на:
– леб;
– шеќер;
– брашно – тип 400;
– сончогледово масло за јадење;
– трајно млеко со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5%;
– свежо месо и сувомеснати производи;
– сирење и урда
Исклучени се цените на привремените попусти кои важеле на 1 декември 2021 година.
Оваа одлука ќе важи до 31 јануари 2022 година.

напиша на Фејсбук Бектеши.

Rate This Article:
No comments

leave a comment