HomeАктуелноБесир Шабани назначен за нов член на Надзорниот одбор на М-НАВ

Бесир Шабани назначен за нов член на Надзорниот одбор на М-НАВ

Бесир Шабани е нов член на Надзорниот одбор на „Македонска Навигација“ – М-НАВ, објави Македонската берза.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Ве известуваме дека е извршена промена кај членовите на Надзорниот одбор на Акционерското друштво во државна сопственост за управување со воздушниот сообраќај и давање услуги во воздухопловна навигација М-НАВ АД Скопје. Со Одлука на Владата на Република Северна Македонија во својство на Собрание на Акционерското друштво во државна сопственост за управување со воздушниот сообраќај и давање услуги во воздухопловна навигација М-НАВ АД Скопје за член на Надзорниот одбор е избран Бесир Шабани, стои во објавата на Берзата.

Согласно настанатата промена, Надзорниот одбор на Акционерското друштво во државна сопственост за управување со воздушниот сообраќај давање услуги во воздухопловна навигација М-НАВ АД Скопје е во состав од членовите: Горан Јандреоски, претседател, Милорад Милановиќ, член и Бесир Шабани, член.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.