Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против 35-годишно лице од охридското село Долно Лакочереј. При претрес во неговиот дом и помошни простории што ги користел, извршен со судска наредба, полициските службеници пронашле и одзеле 8 тегли со марихуана, саксија со засадено растение канабис сатива и две отсечени растенија канабис, како и мешавина од марихуана и тутун.
На 28.05.2022 во 09.40 часот на улицата „Александар Гушо“ во Охрид, нарушен бил јавниот ред и мир со физички напад извршен од 58-годишен охриѓане) врз две лица на возраст од 53 и 64 години, исто така од Охрид. Против напаѓачот, кој оштетил и патнички автомобил „Опел“, сопственост на правно лице од Охрид, ќе биде поднесена соодветна пријава, информира СВР Охрид.
На 27.05.2022 во 23.10 часот во СВР Охрид приведен бил 23-годишен охриѓанец. Тој претходно, на булеварот „Туристичка“ во Охрид, кога забележал полициски службеници, исфрлил кутија во која имало две пакувања со бела прашкаста материја и се обидел да избега. Истата е одземена, а по целосно документирање на случајот, против осомничениот ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.
Ноќеска помеѓу 23 и 04 часот, при извршени сообраќајни контроли, полициските службеници затекнале 16 возачи кои управувале моторно возило под дејство на алкохол (Охрид-10, Струга-02, Кичево-04). Тие веднаш се исклучени од сообраќај, одземени им се возачките документи и поднесени им се соодветни пријави, стои во полицискиот Билтен.
