HomeАктуелноБитолчани во одбрана на дедото кој во самоодбрана го уби поранешното момче на неговата ќерка

Битолчани во одбрана на дедото кој во самоодбрана го уби поранешното момче на неговата ќерка

За случајот обвинителството отвори истрага, а 62 годишниот битолчанец е осомничен за убиство со умисла, додека семејството тврди дека делото го сторил во нужна одбрана.

Откако на 62 годишниот Тони Ѓорѓиевски Фердо од Битола вчера му беше определен 30 дневен притвор за убиството на својот невенчан зет, неговиот син заедно со семејството и нивни сограѓани преку протест пред битолскиот Основен суд побараа притворот да му биде укинат за да се брани од слобода.. Неговиот син тврди дека 20 години семејството трпело тортура, а неговиот татко делото го направил во одбрана на својот, но и животот на уште пет члена од фамилијата кога сега починатиот дошол во нивниот дом со намера да ги нападне.

„Дојде дома со намера да не отепа, немаше друго решение јас буквално бев лично до татко ми кога ја скрши вратата видов зомби, не беше тоа човек тоа беше зомби, не нападна со ножот и се случи што се случи.Овој проблем го имаме повеќе од 20 годни кој е пријавуаван во полиција социјални случаи, се работи за личност која е психопат. Пријавуавно е секаде ќе дојдеше да се извини, ќе се тргнеа пријавите, ќе поминеше некое време ќе се испијанеше, беше конзумтаор на дрога ќе дојдеше ќе малтретираше ќе тепаше имаше закани кон мене, цело време кон сестра ми кон внуците. “-Јове Ѓорѓиевски – син на Тони Ѓорѓиевски – Фердо.

За оваа трагедија, која се случила завчера, според првичните сознанија на обвинителството, сега починатиот, вооружен со долг нож, почнал да удира со клоци по дрвената влезна врата од домот на осомничениот битолчанец и ја скршил. Штом влегол во домот, во претсобјето Ѓорѓиевски го пречекал и пукал директно во него со пиштол што го поседувал со дозвола. Инаку, починатиот ѝ бил познат на полицијата како прекршител на законот и имал одлежано затворска казна.

За случајот обвинителството отвори истрага, а 62 годишниот битолчанец е осомничен за убиство со умисла, додека семејството тврди дека делото го сторил во нужна одбрана.

Последно, судот во Велес донесе ослободителна пресуда за велешанката Пале Иловска, која според пресудата, убиството на својот невенчан сопруг го сторила во нужна одбрана, односно убиениот, бил во надмоќна позиција над неа, така што нејзиното дејствие било сразмерно и пропорционално.

 

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.