HomeАктуелноМицкоски со најнова информација за зголемувањето на пензиите

Мицкоски со најнова информација за зголемувањето на пензиите

Септемвриските пензии кои пензионерите ќе ги добијат во октомври, ќе бидат зголемени. Премиерот Христијан Мицкоски вели дека се во тек пресметките за законското, процентуално усогласување на пензиите.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

„Тоа ќе биде редовно нивелирање, усогласување согласно закон. Знаете дека постоеја иницијативи од страна на поединци, во позадина охрабрени од политички партии, пред Уставниот суд да  покренат тема за линеарното зголемување на пензиите. За да ги заштитиме пензионерите и пензиите, понатаму зголемувањето ќе биде согласно усогласувањата предвидени со закон“, рече премиерот Мицкоски.

Законот за пензиското и инвалидското осигурување (ЗПИО) предвидува септемвриската пензија да биде зголемена и усогласена со трошоците за живот и просечната плата. Премиерот Мицкоски најави дека многу скоро ќе се знае која пензија за колку пари ќе се зголеми.

„Сè уште не се знае. Се пресметува. Многу скоро ќе се знае“, рече премиерот Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања по посетата на Управата за хидрометеоролошки работи.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.