HomeАктуелноБразилска морнарица заплени рекордни 3,6 тони кокаин

Бразилска морнарица заплени рекордни 3,6 тони кокаин

Бразлиската морнарица денеска соопшти дека запленила 3,6 метрички тони кокаин на брод во близина на брегот на североисточната држава Пернамбуко, во најголемата поединечна поморска заплена на дрога во Бразил.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Морнарицата соопшти дека заробила мал моторен чамец што се користел за транспорт на луѓе и товар долж брегот, со пет членови на екипажот, кој се движел кон Африка. Заплената уследи по серијата поморски операции за борба против трговијата со дрога на брегот на земјата.

Според морнарицата, од 2020 година запленети се повеќе од 17 тони кокаин, 4,3 тони хашиш, 695 тони цигари, 113,34 тони риба, 14 тони марихуана и 3.146 кубни метри дрва.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.