Вевчани е село сместено во југозападниот дел на Македонија, во подножјето на Јабланица, на околу 3 километри од градот Струга и неколку километри од Охрид. Тоа е едно од најубавите и најпосетуваните села во Македонија, познато по својата уникатна природа, традиции и култура.


Со традиционалното василичарско оро и палење на маските, денеска ќе заврши годинешното издание на Вевчанскиот карневал.
Палењето на маските симболизира бркање на злото, а вевчанци веруваат дека прочистени ќе имаат среќна и бериќетна година. Претходно зетот, невестата, ѓаволите и глупавите Августи заедно со останатите маскирани, ќе ги посетат семејствата каде што има име Васил, Василиј. Во фокусот и на годинашното карневалско издание повторно беа актуелните состојби во земјава и светот.
По палењето на маските, односно уште утре ќе почнат да планираат во што да се маскираат следната година. Добро познато е дека вевчанци ќе кажат се’, но до карневалското дефиле не откриваат во што ќе се маскираат.


Вевчанскиот карневал, датира од настанокот на селото, со традиција од околу 15 века. Симболизира два паралелни света, едниот му припаѓа на пагнаството, а другиот на христијанството. Со манифестацијата се одбележува христијанскиот празник Св. Василиј Велики или доаѓањето на Новата година по стариот, Јулијански календар.
Вевчанскиот карневал е еден од најпознатите и најтрадиционални настани во Македонија.
Карневалот има длабоки корени во локалните обичаи и традиции и е поврзан со ритуали за истерување на злите духови и привлекување на добри поличби за новата година. Учесниците, облечени во колоритни и често ексцентрични костими, се движат низ селото, изведувајќи различни обичаи, танцувајќи, пеејќи и учествувајќи во ритуали.
Една од најкарактеристичните особености на Вевчанскиот карневал се маските, кои често претставуваат митски суштества, животни или ликови од народната традиција. Карневалот е познат по својата сатира и социјална критика, бидејќи учесниците често ги коментираат политичките и социјалните настани во текот на поворката.


Вевчанскиот карневал е признат како дел од нематеријалното културно наследство на човештвото од страна на УНЕСКО и привлекува туристи од цел свет, кои доаѓаат да ја доживеат уникатната атмосфера и да станат дел од оваа неверојатна традиција.


Е.Р
