Големата Бадникова прошетка низ улиците на Охрид се одржа денес, ден пред големиот христијански празник Божиќ.
Со ѕвезди во рацете тие ќе ја пееја возобновената христијанска песна „Вечниот Бог” заедно со пејачот Ѓоко Танески, Пајак и виолинистката Сања Здјелер, кои ја предводеа долгата и реасепана колона.
Поворката утрово тргна од црквата ,,Св. великомаченик Георгиј” – Горна Влашка Мала и се движеше низ ул. „Јане Сандански“, булевар „Туристичка“ и охридската чаршија, по што околу пладне пристигна на градскиот плоштад „Св. Климент Охридски“.
Кај бадниковата пештера коледарчињата ги пречека градоначалникот Кирил Пецаков.
