Вчера избила тепачка во маркет во Скопје, помеѓу вработен и купувач, а причината била тоа што вработениот побарал од купувачот да стави заштитна маска.
Според пријавата во МВР, касиер бил нападнат бидејќи на купувачот му кажал да стави заштитна маска.
В.П.(22) од Скопје пријавил дека околу 16.50 часот додека ги извршувал своите работни активости како касиер во маркет на подрачјето на Центар влегло маж на возраст од околу 30 години без заштитна маска да пазари и од страна на неговата колешка му било укажано да стави заштитна маска поради запазување на здравствените протоколи. Тогаш лицето станало агресивно и физички ги нападнало, велат од МВР.
Порталот А1он објави видео на кое може да се види и слушне инцидентот. Видеото може да го погледнете на линкот ТУКА.