HomeАктуелноВисоки казни, па дури и одземање на дозволите за работа за менувачниците кои нема да продаваат девизи

Високи казни, па дури и одземање на дозволите за работа за менувачниците кои нема да продаваат девизи

Високи казни, па дури и одземање на дозволите за работа ќе добијат менувачниците кои ќе бидат затекнати дека не продаваат девизи.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Народна банка  најави засилени инспекции по шпекулациите во јавноста дека менувачниците не продаваат девизи затоа што чекаат повисок курс, а по закон, тие не смеат да ги чуваат девизите и да не ги менуваат.

Во интервју за МИА, гувернерката апелира до граѓаните, да не се изложуваат на непотребни трошоци менувајќи ги своите денарски средства во девизи, притоа водени единствено од шпекулациите и лажните вести, присутни во овој период.

Гувернерката потсетува дека секогаш кога ќе се јави некаква криза, менувачкиот пазар е мета на шпекулатните кои сакаат да профитираат.

И од Македонската банкарска асоцијација (МБА) тврдат дека менувачките работи се одвиваат непречено, а банките располагаат со доволно девизна готовина и девизи за задоволување на потребите на граѓаните.

Додаваат и дека курсевите се јавно објавени на секое менувачко место и се на стабилно ниво.

Средниот курс на еврото е 61,69. Куповниот курс во банките е 61.30, а продажниот 61,80.

Продажниот и во најголемиот дел од менувачниците е ист, 61,80, додека некои одат и до 61,90.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.