HomeАктуелноВладата го разреши Ване Цветанов од претседател на Советот за унапредување на ревизијата

Владата го разреши Ване Цветанов од претседател на Советот за унапредување на ревизијата

Одлуката била донесена на денешната владина седница, по предлог на Комисијата за кадровски прашања, по што е именуван и нов раководител на Советот. Засега нема официјално образложение за причините за смената

Ване Цветанов е разрешен од раководител во Советот за унапредување и надзор на ревизијата, пренесува „360 степени“ . На неговото место, според информациите, вечерва е именуван друг раководител.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Одлуката била донесена на денешната седница на Владата, по предлог на владината Комисија за кадровски прашања. Нема официјално образложение за причините за смената на Цветанов, за што немаше информација во соопштението од владината седница.

Некои медиуми го поврзуваат разрешувањето на Цветанов со тоа што ја ангажирал сопругата Дунавка Трифуновска да му помага во работата во Советот за унапредување и надзор на ревизијата и да го придружува на службени патувања.

Меѓудругото, Цветанов, еден период, во првите години од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, беше директор на Агенцијата за спречување перење пари и финансирање тероризам, а потоа еше меѓу осудените во случајот „Шпион“ во 2014 година. Во јули 2019 година беше назначен за претседател на Советот за унапредување и надзор на ревизијата.

 

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.