HomeАктуелноВладата со убави вести: Овие работници во Македонија ќе добијат 20% покачување на платите

Владата со убави вести: Овие работници во Македонија ќе добијат 20% покачување на платите

Владата работи посветено за секого. За 20% се зголемуваат платите во јавните установи за социјална заштита, велат од ВМРО-ДПМНЕ. 20% повисоки плати ќе добијат вработените во јавните установи за социјална заштита.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Ресорното министерство заедно со синдикатите потпиша нов колективен договор со кој освен што ќе се зголемат платите, ќе се подобрат и работните услови, правната сигурност и социјалниот дијалог“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, и се дополнува:

Со ребалансот на Буџетот за 2025 година, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ јасно покажа дека ќе се зголемуваат платите и пензиите.

Ако порано парите исчезнуваа од Буџетот и никој не одговараше за истото, сега се прави јасна дистинкција дека парите завршуваат во џебот на граѓаните.

Да потсетиме дека освен ова зголемување од 20% во делот на социјалната заштита, претходно беа зголемени платите и во полицијата, здравството, образованието, културата, администрацијата, а секако, беа и повторно ќе бидат зголемени пензиите на над 330 илјади пензионери, за вкупно 7 илјади денари.“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.