По вонредната седница на Синодот на МПЦ-ОА, Владиката Тимотеј изјави дека посебно внимание на состанокот било посветено на актуелните настани што се однесуваат на воспоставувањето на евхаристиската заедница на ерархијата, клирот и народот на МПЦ-ОА со Православните Помесни Цркви како и за конечниот автокефален статус на нашата Света Црква.
„САС на МПЦ-ОА изразува најсрдечна благодарност на Неговата Сесветост Вселенскиот Патријарх г.г. Вартоломеј за Патријаршискиот и Синодален акт за канонско и евхаристиско единство на нашата ерархија, при што прифаќањето е со еклисиолошкото име што се обезбедува вековниот црковен континуитет“, изјави Владиката Тимотеј.
Како што информираше тој, САС на МПЦ-ОА ја известува јавноста дека продолжуваат разговорите со СПЦ до уредување на конечниот статус на нашата Црква.
