HomeАктуелноВМРО-ДПМНЕ одлучува за блокада на Собранието

ВМРО-ДПМНЕ одлучува за блокада на Собранието

ИК на ВМРО-ДПМНЕ вечерва ќе одлучува за пристап кон активна блока на собранието со цел постигнување дијалог и предвремени избори.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

СДСМ се игнорантски поставени кон потребата од дијалог во општеството по однос на сите кризи кои се резултат на нивното неработење, криминал и неспособност, а кои ја донесоа државата до потреба од задолжување од 900 милиони евра, а граѓаните до сиромаштија, и постигнување на договор за датум за предвремени парламентарни избори.

На тој нивен игнорантски пристап ВМРО-ДПМНЕ ќе одговори во иста мерка. Вечерва ИК на ВМРО-ДПМНЕ ќе одлучува за преземање на активна блокада во собранието, што ќе значи блокада на сите процеси и закони како на комисиите, така и на пленарните седници.

ИК на партијата ќе одлучува за пристап кон целосна амандманска блокада во собранието и филибастеринг со цел спречување на едноумието на власта, а што има за цел постигнување дијалог за предвремени парламентарни избори.

 

Центар за комуникации со јавноста на ВМРО-ДПМНЕ

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.