HomeАктуелноВМРО-ДПМНЕ упати честитка до православните христијани по повод празникот Успение на Пресвета Богородица

ВМРО-ДПМНЕ упати честитка до православните христијани по повод празникот Успение на Пресвета Богородица

ВМРО-ДПМНЕ упати честитка до сите православни верници по повод големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица – Голема Богородица.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Од партијата посочуваат дека празникот ги симболизира верата, надежта, љубовта и семејството, а Мајката Божја ја истакнуваат како пример за скромност, трпеливост, пожртвуваност и човечност.

„Успението на Пресвета Богородица е празник на верата, надежта, љубовта и семејството. Мајката Божја е вечен пример за скромност, трпеливост, пожртвуваност и човечност – вредности кои нè потсетуваат дека силата на едно општество се темели на почитта, солидарноста и грижата за другите“, се наведува во честитката.

Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека семејството, традицијата, верата и солидарноста се темели врз кои, како што велат, треба да се гради силна, достоинствена и просперитетна Македонија.

„Нека овој голем празник донесе мир во домовите, спокој во срцата, здравје и благосостојба и нека нè обедини во заедништво, почит и љубов кон семејството и татковината“, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму упатија и желба празникот Успение на Пресвета Богородица да биде честит и вековит.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.