Во текот на изминатата вечер (22/23.01.2022) во периодот од 22.00 до 04.00 часот спроведена е зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на Република Северна Македонија, при што санкционирани се 129 возачи. Од нив, 23 на територијата на СВР Скопје, 17 на територијата на СВР Тетово, 15 на територија на СВР Струмица..
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.
Извор:MВР