При извршени сообраќајни контроли на подрачјето на СВР Охрид синоќа во периодот од 22 до 04 часот биле затекнати 13 возачи кои управувале моторно возило под дејство на алкохол.
Од нив петмина биле затекнати во Охрид, тројца во Струга, тројца во Кичево и двајца во Дебар. Тие веднаш се исклучени од сообраќај, одземени им се возачките документи и поднесени им се соодветни платни налози,информираше портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
Тој додава дека мерките во сообраќајот се преземаат со цел зголемување на сообраќајната безбедност и истите интензивно ќе продолжат.
Апелираме до возачите на максимално почитување на сообраќајните правила и прописи и строго придржување до пропишаната брзина на управување моторни возила, вели Димоски.