На 29.07.2023 година во 00,50 часот, кај Спортско рекреативниот центар „Билјанини извори” во Охрид, од слобода е лишен С.А.(20) од Скопје. При извршен преглед, полициските службеници кај него, пронајдоа и одзедоа опојна дрога кокаин додека во неговото возило „Алфа Ромео” со скопски регистарски ознаки, пронајдена е Марихуана.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.
