Две лица, од кои еден полицаец од Сарај, но и неодамна фатен наркобос од Грчец со иницијали С.Б., кој требало да биде во куќен притвор, приведени се во полициска станица во Скопје во врска со денешниот вооружен грабеж во Уни банка во Капиштец, дознава САКАМДАКАЖАМ.МК. Ги фатила интервентната полиција на МВР.
Сомневањата произлегле од тоа што при контрола на возилото, во задниот дел биле најдени панцири, ракавици, дуксери со длабоки качулки и други предмети кои асоцирале на опрема за грабеж и насилство.
Грабежот се случи вчера во 12.35 часот. Во Полициска станица Центар било пријавено дека од експозитура на банка на подрачје на Центар три лица со закана со оружје од вработените одземале пари, по што во близина на местото на настанот едно од лицата испукало куршум. Повредени лица нема. МВР соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Во врска со приведените наркобос и полицаец кој го возел, МВР нема коментар. Не коментира за за идентитети на приведени лица, оттаму има потврда само дека „има приведено две лица“.
Вчера (08.03.2022) во Скопје се приведени Н.Ш. (24) и С.Б. (32) поради сомнение дека учествувале во денешното разбојништво кое беше пријавено во 12.35 часот во експозитура на банка на подрачје на Центар кога три лица со закана со оружје одземале пари од вработените. Се преземаат и дополнителни мерки и активности за целосно расчистување на случајот. – информираат од МВР