Полициски службеници од СВР Охрид – Одделение за внатрешни работи Кичево вчера во 22.50 часот во Кичево го лишија од слобода кичевецот И.Б.(39).
Како што соопшти МВР, при претрес во неговиот дом, извршен по претходно добиена судска наредба од Основен суд Кичево, пронајдени се кокаин, дигитална вага и предмети со остатоци од прашкаста материја.
– Тој е приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, се додава во соопштението на МВР.
