HomeАктуелноВо Охрид времето денес променливо облачно, попладне дожд

Во Охрид времето денес променливо облачно, попладне дожд

Времето ќе биде прoменливо облачно со слаб до умерен ветер од јужен правец. Во попладневните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има појава на невреме со пообилен дожд, силни електрични празнења, силен ветер и услови за појава на град.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 28 до 36 степени. УВ индексот ќе биде 6.

Во Охрид времето ќе биде променливо облачно со повремен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 17 степени, а максималната ќе достигне до 29 степени.

До средината на следната седмица подрачјето на нашата земја ќе биде под влијание на влажен и нестабилен бран. Времето ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Локално повремено ќе има појава на невреме со пообилен дожд (над 30 л/м2) за кратко време, силни електрични празнења, силен ветер (над 60 км/час) и појава на град. Температурите значително ќе се намалат, информираат од УХМР.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.