Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 05.05.2022, полициски службеници од ОВР Неготино го лишиле од слобода М.А.(31) од Кавадарци.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат од МВР.
