HomeАктуелноВо сообраќајна несреќа тешко повреден 19-годишен охриѓанец на моторцикл

Во сообраќајна несреќа тешко повреден 19-годишен охриѓанец на моторцикл

На 31-ви мај 2025 година, во 22:20 часот, во СВР Охрид е пријавено дека на улицата „Партизанска“ во Охрид се случила сообраќајна незгода во која едно лице се здобило со тешки повреди.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Во незгодата учествувале товарно моторно возило марка „Нисан“ со струшки регистарски ознаки, управувано од страна на 51-годишно лице од Охрид, кое удрило во моторцикл марка „Хонда“ со охридски регистарски ознаки, управуван од страна на 19-годишник од Охрид.Притоа, моторциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ во Охрид. Увид на местото извршија полициски екипи, информираат од СВР Охрид.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.