На 31-ви мај 2025 година, во 22:20 часот, во СВР Охрид е пријавено дека на улицата „Партизанска“ во Охрид се случила сообраќајна незгода во која едно лице се здобило со тешки повреди.
Во незгодата учествувале товарно моторно возило марка „Нисан“ со струшки регистарски ознаки, управувано од страна на 51-годишно лице од Охрид, кое удрило во моторцикл марка „Хонда“ со охридски регистарски ознаки, управуван од страна на 19-годишник од Охрид.Притоа, моторциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ во Охрид. Увид на местото извршија полициски екипи, информираат од СВР Охрид.
