Времето ќе биде променливо облачно и студено, претпладне претежно во јужните делови со локални врнежи од дожд, а на повисоките места и на планините со повремен снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 4, а максималната од 4 до 10 степени.
Во Охрид времето денес променливо облачно со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 7 степени.
Следува период на променливо облачно и постудено време со умерен до засилен северен ветер. Температурите ќе бидат под просекот за овој период од годината, велат од УХМР.