Во Охрид денес сончево и топло време со мала до умерена локална облачност.
UV индексот ќе биде 9, а максималната температура ќе се искачи до 34. степени.
– Денес кон крајот на денот и утре попладне на места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а ќе има и услови за изолирана појава на краткотрајно невреме со силен ветер и електрични празнења. Утре и во понеделник ќе дува засилен северен ветер што ќе услови опаѓање на дневната температура за 3 до 5 степени, особено во северните делови, информираат од УХМР.
