HomeАктуелноВремето денес

Времето денес

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, локално над 60 километри на час. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне 13 степени.

Според прогнозата на УХМР,  до среда ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд.

– Ќе дува умерен до засилен северен ветер (локално над 60 километри на час), а температурата ќе се задржи под просекот за овој период од годината. Од четврток времето ќе биде стабилно и суво со пораст на дневната температура, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.