HomeАктуелноВучиќ: Ѓоковиќ може со крената глава да се врати во својата земја.

Вучиќ: Ѓоковиќ може со крената глава да се врати во својата земја.

Српскиот претседател, Александар Вучиќ се обрати откако австралискиот суд пресуди во полза на тамошните власти и одлучи да ја поддржи одлуката за депортација на Новак Ѓоковиќ.

Рекетот број еден ја загуби битката пред австралискиот суд и ќе мора да се врати дома. Брзо по донесената одлука со изјава се јави српскиот претседател Александар Вучиќ.

-Тие мислат дека со таа одлука го понижија Новак Ѓоковиќ. Тие се понижија себе, а Ѓоковиќ може да крене глава и да се врати во својата земја и секој да го погледне во очи. Вие 10-11 денови го малтретирате за да му ја дадете одлуката која сте знаеле дека ќе му ја дадете од првиот ден. Да сте рекле дека ако не е вакциниран нема да влезе во земјата, тој воопшто не би доаѓал или би се вакцинирал. Вака сте оставиле можност за медицинско изземање. Врз основа на тоа тој дојде кај вас и направи сè што требаше да се направи, а потоа следуваше шиканирање и малтретирање од невидени размери, медиумски линч и лов на вештерки бидејќи веројатно на Новак Ѓоковиќ сакаа да покажат како функционира светскиот поредок за лов на вештерки и како можат тоа да му го направат на секој, вели Вучиќ.

Тој исто така се повика и на процентот на вакцинација цо Србија.

-Велат дека во Србија се вакцинирани под 50 проценти од граѓаните. Немојте да лажете, бидејќи официјално се вакцинирани 58 проценти, тоа е повеќе од многу земји во ЕУ, особено во нашето окружување. Тоа беше бесмислен аргумент, додава Вучиќ.

Во март Србија е домаќин на Светско атлетско првенство во сала. Вучиќ вели дека тие нема да ги пречекаат австралиските спортисти на ист начин.

-Ние нема да се изживуваме врз нив и да покажуваме сила. Ќе покажеме дека сме подобри од австралиската влада. Му благодарам на австралискиот народ за кој сум сигурен дека го сакаат српскиот народ исто како што и ние ги почитуваме нив, рече тој.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.