HomeАктуелноГалеб АД Охрид: Цената на билетот на релација Охрид- Скопје- Охрид, последен пат е променета во јануари минатата година

Галеб АД Охрид: Цената на билетот на релација Охрид- Скопје- Охрид, последен пат е променета во јануари минатата година

Откако во дел од медиумите во текот на вчерашниот ден се појави информацијата за драстично поскапување на билетите во меѓуградскиот превоз за 15 до 20%, при што беше наведено дека во моментов највисока е цената на билетот за Охрид, која со последното зголемување во еден правец се плаќа 680, додека повратна карта е  930 денари, од Галеб АД Охрид со реакција. Велат цената на билетот последен пат е сменета на 20 јануари минатата година.

Билетот на релација Охрид- Скопје- Охрид во еден правец чини 650 денари, додека повратна карта е 900 денари. Во многу електронски медиуми се појави неточна информација дека дошло до драстично поскапување на возниот билет на релација Охрид Скопје. Вистината е дека Галеб АД Охрид цените на посочената релација последен пат ги менувал на 20.01. 2021, односно пред повеќе од една година, велат во реакцијата.

Додаваат дека информацијата е произлезена од лоша интерпретација на изјавата на сопственикот на Автобуската станица Руле Турс Скопје господинот Масар Омерагиќ за повеќе медиуми, додавајќи дека како компанија која негува коректни односи со медиумите, искрено се надеваат дека станува збор за недоразбирање, а не за лоша намера.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.