Охриѓанецот Лео Нелоски државен првенец по математика, оди на математичката Олимпијада.

Лео Нелоски го освои првото место на 47-от Државен натпревар по математика, имено на државниот натпревар на учесниците им беа зададени вкупно 4 задачи од по максимални 25 поени, Лео ги освои од сите зададени задачи максималите поени со тоа што тој ги освои максимумот од 100 поени на државниот натпревар по математика и се здоби со титулата државен првенец под менторство на Анита Николовска.
Лео е ученик во осмо одделение во ООУ „Григор Прличев“ и е исклучително талентиран ученик и ова е само продолжение на успесите кој постојано ги нижи од својата шеста година, ученикот само оваа семица зеде учество на вкупно три државни натпревари.

Лео зема учество на натпревари по Народна техника на тема „Конструкторство“, претходно Лео освои 80 поени на натпреварот по германски јазик, додека на регионалниот натпревар по Биологија го освои третото место.
