На 82-от ден од мандатот на градоначлничката Данела Арсовска од ВМРО-ДПМНЕ ова е нејзиниот отчет:
Тоалет.
Ова е единствениот нејзин проект.
А да се извинувам, и една нивелација на шахта.
Толку.
После 82 дена едно е јасно: Данела Арсовска е најнеуспешниот градоначалник којшто го имал Скопје.
Нема реализирано речиси ништо од она што го вети пред граѓаните.
Нема бесплатен јавен превоз, нема пет нови мега паркови, не се чисти, депониите си стојат, нема помош за Скопјани сред енергетската криза, нема проекти.
Не успеа ниту да ги врати бројчаниците на семафорите, ветување што го даваше пред граѓаните.
Има само партизација и полнење на градските претпријатија со кадри на ВМРО-ДПМНЕ.
Затоа денеска и оставаме поклон една шахта и тоалет, за нејзините менаџерски НЕ-способности. – вели Петар Петковски од СДММ во изјавата за медиуми.
Изминуваат првите 82 дена од мандатот, а градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска нема реализирано ниту еден свој проект.
Напротив, Арсовска на штета на граѓаните и Градот, прекинуваше готови проектни решенија како оној за Бас рапид транзит.
Наместо бесплатен јавен превоз, Арсовска воведе билет од 120 денари, а потоа бараше финансиска помош од Владата за ЈСП.
Наместо професионализација на администрацијата како што ветуваше, Арсовска ги партизираше установите и претпријатијата и ќе потроши 670.000 евра за вдомување на 109 партиски кадри во Град Скопје.
Граѓаните го гледаат неработењето на Арсовска, затоа од нејзината партија ВМРО-ДПМНЕ секојдневно измислуваат конструкции во обид да ја прикријат нејзината неспособност, затоа и Христијан Мицкоски ја користи секоја прилика да бара оправдувања за неработењето на Арсовска.
Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ работат на штета на граѓаните и свесно го кочат развојот на Град Скопје. – стои во соопштението за јавноста на СДСМ.