HomeАктуелноГласањето во Маврово Ростуше започна навреме

Гласањето во Маврово Ростуше започна навреме

Гласањето за избор на градоначалник на територијата на општина Маврово Ростуше утрово започна навреме и изминативе два часа се одвива непречено, информираат од ОИК. Граѓаните ќе гласаат во еден круг, со оглед дека има двајца кандидати.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

– Сите избирачки места се отворени навреме и гласањето од утрово се одвива без забелешки. Материјалите, потребни за спроведување на изборниот процес се распределени навреме и не очекуваме некаков застој или прекин во текот на денот, изјави за МИА Ивана Ѓорѓевска претседател на ОИК.

Гласањето во Маврово и Ростуше го спроведуваат 33 избирачки одбори. Право на глас во оваа општина имаат 9.948 граѓани. Изборите за градоначалник беа распишани откако во два наврати не беа исполнети условите. Вчера гласот го дадоа 40 болни и немоќни лица.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.