Општина Гази Баба по повод 8-ми Септември, Денот на независноста на Македонија организира голем музички настан. Настанот ќе се оддржи на 07.09.2022 година со почеток од 20:00 часот на плоштадот во Автокоманда.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

На настанот ќе настапат: Некст Тајм, Ламбе Алабаковски, Бојана Скендеровски и Влатко Миладиновски.

Утрово на својата официјална страна на Фејсбук, градоначалникот Бобан Стефковски објави покана до сите граѓани од Гази Баба, Скопје и цела Македонија.

Во својата објава градоначалникот Стефковски пишува:

„Минато, сегашност и иднина тоа е нашата Македонија!

Ги повикувам сите жители на општина Гази Баба, Скопје и цела Македонија на сенароден собир во чест на независноста на Македонија!

Честа да бидам покровител на еден ваков настан за мене е голема, но уште поголема е одговорноста бидејќи Македонија ја слави независноста.

Овој голем настан ќе прерасне во една традиција која и доликува на Гази Баба.

07.09.2022 година (среда)

20:00 часот

Плоштад Автокоманда

За нашата Македонија“ – напиша Стефковски.