HomeАктуелноГо натепала сопругот, приведена 32-годишна жена

Го натепала сопругот, приведена 32-годишна жена

По семејна расправија која се случила помеѓу брачни сопружници во делчевско село, приведена е триесет и две годишна жена од Република Албанија.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Случајот го потврдија од делчевската полиција и посочуваат дека жената ја товарат за физички напад врз нејзиниот сопруг.

Полициски службеници од Полициската станица Делчево на 15.03.22 ја лишиле од слобода С.Ѓ.(32) од Република Албанија, со место на живеење во делчевско село, затоа што околу 18.00 часот во семејниот дом физички го нападнала нејзиниот сопруг, се вели во соопштението од полицијата.

По комплетирање на случајот против С.Ѓ. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.